Категории

РЕЦЕПТ: Без и лесен десерт – Кремаста Нутела коцка

Толку едноставен и толку брз рецепт, а крајниот резултат е вистинско кремасто уживање кое ќе ги задоволи и најпребирливите. Пријатно!

Состојки

Подлога

  • 300 грама мелени бисквити
  • 70 грама путер
  • 30 грама чоколадо во прав
  • 100 мл млеко

Фил

  • 400 грама крем сирење
  • 50 грама шеќер во прав
  • 500 мл слатка павлака
  • 200 грама нутела

Глазура

  • 100 грама млечно чоколадо
  • 50 грама чоколадо за готвење
  • 150 мл слатка павлака.

Подготовка
Сомелете го бисквитот и измешајте со чоколадниот прав. Растопете го путерот, изладете неколку минути и прелијте ги со бисквитите. Додадете го млекото и сè убаво измешајте да се соедини. Оваа смеса притиснете ја во калап со раб што се вади со димензии 25 × 25 cm и добро допрете со лажица или прсти, за да биде изедначено. Ставете го во фрижидер.

За да го направите филот, со миксер измешајте го крем сирењето со шеќерот во прав. Во друг сад посебно измешајте ја слатката павлака, но не до крај. Сега соединете го крем сирењето и изматената слатка павлака и повторно кратко измешајте сè со миксер на најмала брзина. Внимавајте да не се промешува многу, за да не биде многу цврст филот! Меѓутоа, ако тоа ви се случи, само додадете малку млеко.

Сега извадете ја основата од фрижидер и рамномерно нанесете половина од филот. Вратете се во фрижидер. Во другата половина додадете ја нутелата која претходно малку ја омекнавте во микробранова печка. Можете исто така само да ја ставите теглата во топла вода. Добро измешајте со лажица (не со миксер) да се соедини. Овој фил нанесете го и на белиот фил и израмнете.

За да ја направите глазурата загрејте ја слатката павлака речиси до вриење и додајте ги двата вида чоколада кои претходно сте ги искршиле на коцки. Оставете да отстои една минута, па добро измешајте со жица додека не се стопи целото чоколадо и додека не добиете еднолична и сјајна чоколадна глазура. Истурете го врз филот со нутела и само протресете го плехот за рамномерно да се распореди. Се става во фрижидер да се излади добро и се стега.

Прегледи:
412
Објавено на:
07.06.2022