Категории

Не се споредувајте со никого – Изберете да го живеете само вашиот живот и вашите соништа

Дали често се споредувате со други луѓе? Дали забележувате дека некој има подобра работа, автомобил или стан? Некој има добар љубовен живот, а вие сеуште сте сами? Колку често ја споредувате својата и туѓа заработка?

Таквите мисли можат да бидат токсични и фрустрирачки. Наместо да ве мотивираат да напредувате, тие можат да ве демотивираат, да ве натераат да се чувствувате лошо, да ја загрозат вашата самодоверба, а некаде да предизвикаат една од најтоксичните емоции – завист.

Запомнете, единствената личност со која треба да се споредувате е само вие! Не обидувајте се да бидете подобри од другите, туку фокусирајте се на личниот развој и напредок – бидете подобри од себе вчера, напредувајте во однос на себе во минатото.

Луѓето ги формираат своите ставови за тоа дали нешто е добро и лошо врз основа на ставовите на нивните соседи, пријатели, колеги… Изберете да го живеете само вашиот живот и вашите соништа!

Кога мислите дека сите други живеат подобро од вас, затворете ги очите и наведете барем 10 работи за кои сте благодарни и среќни што ги имате. Кога ќе почнете да набројувате, ќе сфатите дека ги има уште многу.

Верувајте во себе, фокусирајте се на вашето битие и развој – тогаш ќе се отворат многу патишта!

Прегледи:
377
Објавено на:
16.06.2022