Категории

Најозборуваниот костим за капење за ова лето – Мажите го мразат, а девојките полудеа по него

Токму кога го заборавивме костимот за капење „брадавици“ кој за првпат го претстави Кајли Џенер, се појави најновиот модел од кој, се чини, жените се воодушевени.

Велат дека за вкусовите не треба да се разговара, но овој модел предизвика дискусија меѓу посилниот и понежниот пол. Илјадници мажи се согласија за едно – овој костим за капење да биде забранет.

Главна причина за оваа полемика е горниот дел од костимот за капење кој е направен од тенка мрежа, додека деловите на градите се покриени со женски раце со лакирани нокти. Финтата е во тоа што ќе изгледате како жена да ви ги држи градите, а на мажите ова воопшто не им се допадна.

Така можете да најдете многу коментари на мрежите.

„Што е ова аман“, „Побизарен костим за капење не сум видел“, „Не би сакал да ја видам девојка ми во овој“, „Изгледа некому си му отсекол тупаница“, „Каква гнаса“, „Ако некоја девојка носи вакво нешто, јасно е што ќе ти направат само при помислата дека ќе изневерат“, „Што нема да измислат“ „Ајде, забранете го ова“, Девојките претеруваат со бизарни трендови“ беа само дел од коментарите.

Сепак, изгледа дека девојките се одлучни кога е овој модел во прашање. Зад неговиот дизајн стои дизајнерката Адријана Дегреас, а овој костим за капење е всушност стар модел, но повторно доживеа голема популарност.

Прегледи:
437
Објавено на:
23.06.2022