Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 2 И 3 ЈУЛИ 2022 ГОДИНА

ОВЕН
Во првиот дел од викедот сте порезервирани, несигурни како да постапите во одредени ситуации. Во попладневните и вечерните часови периодов веќе сте „присебе“ сто проценти, па ова е време активно да се вклучите во интересна комуникација или флерт.

БИК
Потребна ви е поголема самодоверба. Бидете свесни дека добро ви оди и дека нема потреба да се двоумите во некои ситуации. Во мислите ви се вовлекла личност која сте ја запознале преку пријател или преку деловен сегмент.

БЛИЗНАЦИ
Убедени сте дека сте во право и нема да дозволите другите да ја нарушат вашата самодоверба. Не изгледајте премногу нервозни во контакт со луѓе кои не го познаваат вашиот темперамент. Импулсивноста може накратко да ги наруши вашите емотивни односи.

РАК
Вашите претпоставени ве поттикнуваат да ги завршите обврските што е можно поскоро. Убедени сте дека ќе бидете на време, но работите под притисок. Во врската со саканата личност покажете повеќе внимание и посветеност. Не дозволувајте нервозата да влијае на вашиот однос со партнерот.

ЛАВ
Викедов ви е комплицирано да ги балансирате сите обврски. Ќе мора да одложите и пролонгирате некои договори. Емотивниот партнер покажува одлично разбирање за вашите деловни обврски, но сака и време за себе.

ДЕВИЦА
Овие дена сте доста нервозни, не сте сигурни дали ќе успеете да ги завршите обврските навреме. Нешто што изгледаше лесно почнува да се комплицира. Во врската со саканата личност ќе се трудите да бидете опуштени и весели.

ВАГА
Викендов не сметајте на помош од соработниците. Најкомплицираните задачи ќе мора да ги завршите сами. Можност за непланирани финансиски приливи. Кога ќе запознаете сакана личност, ќе бидете уморни и исцрпени. Сепак, страстите ќе бидат таму.

ШКОРПИЈА
Ќе ви биде тешко да се фокусирате на вашите обврски. Имате важни разговори и не можете да се фокусирате на ништо друго. Во емотивниот сегмент ќе бидете задоволни кога емотивниот партнер конечно ќе ви го даде потребното внимание.

СТРЕЛЕЦ
Слушајте го корисниот совет што ви го дава еден од соработниците. Исто така, викендов некој може да ви добие информации што ви се важни или да ви направи услуга. Во контакт со саканата личност, упорно избегнувате да одговарате на прашањата што тој ги поставува.

ЈАРЕЦ
Некој ќе ве вознемирува во работата што треба да ја завршите. Можеби нема да можете да го направите договорот што сте го замислиле. Со партнерот нема да бидете расположени за големи приказни. Доволно е само прегратка и присуство.

ВОДОЛИЈА
Брзо ќе ги завршите работите што ви се важни, а потоа ќе се обидете или да побегнете од работата или само да се преправате дека работите. Уморни сте и не сакате да трошите енергија. Попладнето и вечерта ги резервиравте за пријатели или за одмор. Можеби дури и за некој близок.

РИБИ
Ќе бидете во големи обврски. Можно е да се појават некои ситуации кои дополнително ќе ве попречат мирно и опуштено да пристапите на работата. Некој се обидува да ве анимира и да ве заинтересира, но во моментов имате само обврски на ум.

Прегледи:
277
Објавено на:
03.07.2022