Категории

5 знаци дека сте среќна личност

Со спроведување на експерименти и анкети,научниците открија некои мали нешта за кои никогаш не сте можеле да замислите дека се знаци на среќна личност.

5 знаци кои би можеле да ви докажат дека сте посреќни отколку што мислите:

1. Секогаш доцните.
Луѓето кои секогаш доцнат се посреќни, па дури и живеат подолго. Мислат дека можат да направат илјада работи за краток временски период, но всушност доцнат. Тие исто така се посмирени и не паничат во бурните ситуации.

2. Се будите рано.
Луѓето кои стануваат порано се покажале како најсреќни. Истражувачите ги споредиле раните птици и ноќните бувови и откриле дека вторите се помалку задоволни од својот живот. Оние кои се будат рано генерално имаат генетска компонента која ја потиснува депресијата и хроничните болести.

3. Имате сестра.
Сестрите поттикнуваат поотворена комуникација во семејствата, што води до подобро емоционално изразување. Главната причина е веројатно тоа што на девојчињата им е полесно да зборуваат за емоции отколку на момчињата.

4. Работите како цвеќар или градинар.
Интересно е што цвеќарите и градинарите се најсреќни од сите професии. Дури и престижните и добро платените работни места не даваат иста количина на среќа. На пример, најмалку среќни работници биле работниците за човечки ресурси и ИТ, како и банкарите.

6. Јадете многу овошје и зеленчук.
Студијата покажува дека учесниците кои го зголемиле внесот на овошје и зеленчу биле посреќни од порано. Среќата што ја добиле била еднаква на среќата со наоѓање нова работа.

 

Прегледи:
250
Објавено на:
05.07.2022