Доколку забележите дека структурата на кремот за сончање е променета, се одвојува или има чуден мирис, веднаш фрлете го – во никој случај не го нанесувајте на кожата, бидејќи може да предизвика алергија.
Доколку имате шише крем или лосион за сончање кое не сте го отвориле од минатата година, а е на темно и поладно место, тогаш можете слободно да го користите. Обично, неотворените креми можат да траат две години. Во секој случај, проверете го датумот на истекување, бидејќи немате начин да знаете колку долго бил во продавницата пред да го купите минатата година.
Ако сте ја отвориле и користеле кремата минатата година, тогаш бидете внимателни. Погледнете што пишува на шишето – колку долго може да издржи по отворањето, обично шест или 12 месеци (6M, 12M).
Колку може да издржи по отворањето е прикажано на ваква етикета:
Доколку забележите дека структурата на кремот е променета, се одвојува или има чуден мирис, веднаш фрлете ја – во никој случај не нанесувајте ја на кожата.
Во најдобар случај, нема ефективно да ве заштити од сонцето, а во најлош случај – ќе ја иритира кожата или дури ќе предизвика алергиска реакција, пишува Daily Mail.