Да се има почит кон другите е една доблесна особина. На секој од нас до некоја мера му е важно да го почитуваат другите. Еве 8 работи кои ќе ги поттикнат другите луѓе веднаш да почнат да Ве почитуваат:
-
Бидете последниот човек што ќе го каже своето мислење.
-
Бидете спремни да се нашалите некогаш и на Ваша сметка.
-
Дозволете Вашите дела да зборуваат погласно од Вашите зборови.
-
Кажувајте го она што го мислите и бидете искрени.
-
Гледајте ги добрите страни на секој човек.
-
Почитувајте ги другите и однесувајте се со нив онака како што сакате тие да се однесуваат со Вас.
-
Бидете спремни да се подобрувате секој ден од Вашиот живот.
-
Помогнете им на другите кога ќе прашаат за помош и Вие прашувајте за помош.