Категории

Младоженец открива дека брат му ќе ја запроси девојка му на неговата свадба и веднаш се одмаздува

Повеќето од луѓето знаат дека не треба да носат бел фустан на друга свадба, дека не треба да го крадат вниманието на оние коишто слават нешто важно во животот. Но, за жал, не сите се свесни за тоа, некои едноставно уживаат да бидат во центарот на вниманието во секоја прилика. 

Еден 35-годишен маж ја започна својата приказна споделувајќи дека не бил во најдобри односи со семејството, имал помал брат (Тод)  на којшто секогаш сѐ му било дозволувано поради компликациите коишто ги имал при раѓањето.

Тод се заљубил и очекувал бебе од неговата девојка Луси, а на свадбата на неговиот брат одлучил дека ќе ја запроси. Кога за ова дознал брат му веднаш се обидел да го спречи, го предупредил дека ќе направи да се покае за оваа одлука, но Тод не обрнал внимание на предупредувањето. Ја запросил Луси кога невестата и нејзиниот татко танцувале уништувајќи го нивниот момент.

Претпоставувајќи дека Тод ќе му го направи тоа, младоженецот подготвил план со којшто ќе му се одмазди. Имено, нашол девојка која ќе глуми дека е бремена од Тод. Го спровел планираното, а кога Луси дознала за ова му го фрлила прстенот в лице и најавила дека нема да му дозволи да го види нивното дете.

 

Прегледи:
357
Категории:
Хумор
Објавено на:
28.10.2022