Категории

3 едноставни чекори за намалување на тремата пред важни настани

Многупати сте нервозни и имате трема пред некој важен настан како интервју, рандеву и тоа Ве спречува да го дадете максимумот од себе? Да, тоа не е воопшто забавно, но не и безнадежно. Еве три едноставни чекори коишто ќе Ви помогнат да се справите полесно во вакви ситуации:

1. Движете се бавно.

Неколку минути пред да започне важниот настан, движете се побавно од вообичаеното. Тоа ќе Ви помогне да се смирите, да го опуштите Вашето тело и ќе Ви ја подобри концентрацијата.

2. Дишете длабоко.

Стојте мирно или пак седнете две минути. Вдишете малку подлабоко од вообичаеното и фокусирајте се на Вашата инспирација и експирација. Тоа ќе Ви помоге да можете повторно да размислувате рационално.

3. Размислувајте си дека воспоставувате врска.

Претпоставете си дека на важниот настан ќе се сретнете со личност којашто е една од Вашите најдобри пријатели. Тоа ќе Ви помогне да се чувствувате поудобно, порелаксирно и посамоуверено. Правејќи го ова, разговорот што ќе го водите ќе тече природно без никакви пречки и без многу размислување исто како што тоа го правите со Вашите пријатели.

 

Прегледи:
410
Објавено на:
18.11.2022