Да се биде културен патник е едно од клучните нешта за Ваша безбедност и за безбедноста на другите. Пилотката Морган од Чикаго споделува неколку бонтон правила коишто треба сите да ги применуваат за да патувањето во авион биде подобро за сите:
1. Не ги соблекувајте чевлите и чорапите.
2. Доколку слушате музика, користете слушалки, не сите сакаат да го слушаат она што Вие го слушате.
3. Однесувајте се културно кон стујардесите. Тие пред сѐ се таму за Вашата безбедност.