За да го смениме секојдневието, понекогаш е доволно само да ја смениме дневната соба. Не мора да биде нешто големо, но неколку промени во дизајнот можат да направат разлика и вашиот животен простор да се чувствува сосема поинаков. Еве 3 лесни начини да ја освежите вашата дневна соба:
Преуредете го мебелот
Ова е можеби најевтината идеја, но сепак е еден од најдобрите начини да ја освежите вашата дневна соба. Преуредувањето на мебелот што веќе го имате може да биде најдобриот начин да и дадете на вашата дневна соба сосема поинакво чувство без да трошите многу пари. Ова е еден од најдобрите начини да пробате нови работи, а ако не ви се допаѓа, лесно е да се навратите назад.
Обидете се да создадете простори за разговор така што ќе ги наместите софите и столовите заедно или одлучете се за отворен и ведар распоред со поместување на мебелот назад до ѕидовите. Ставете ги софите дијагонално по аглите за да создадете повеќе простор за складирање зад нив.
Акцентен ѕид
Акцентските ѕидови може да изгледаат страшно, но тие се еден од најлесните начини да ја освежите вашата дневна соба. Клучот за создавање успешен акцентен ѕид е да ја пронајдете таа неверојатна боја или тапет што отсекогаш тајно сте ги сакале, но сте знаеле дека никогаш нема да функционираат за целата соба и да посветите еден ѕид или агол за токму оваа боја или тапет. Ова е многу поевтино од преработка на цела соба, а правењето акцентен ѕид е лесно и можете многу брзо и сами да го бојадисате или залептите.
Растенија
Додавањето растенија е одличен начин за освежување на просторијата и воздухот. Има многу различни видови на растенија кои може да бидат домашни растенија. Постојат и добри опции за оние од нас кои постајано забораваат да ги наводнуваат растенијата. Кактусите се еден добар пример. Ако зелената е акцентната боја во важата дневна, погрижете се растенијата да не се изгубат премногу. Поставете ги растенијата на пообичен ѕид или ставете ги фокусот на собата. Ако вашата шема на бои не вклучува зелена, фокусирајте се на цветни растенија што се совпаѓаат со вашата соба или земет растенија што имаат шарен цвет.