Категории

Највисокиот човек во светот го прослави својот 40-ти роденден

Роден во 1982 година, Кесен растел нормално се до 10-тата година. После тоа, почнало прекумерно производство на хормонот за раст што придонесло за гигантизам. Кесен денес го прослави својот 40-ти роденден со височина од 251,46 сантиметри.

Тој тргна од својата земја Турција кон Флорида и го посети музејот каде што се сликаше со статуата на Роберт Вадлоу којшто исто така претходно бил највисокиот човек на светот. Вадлоу всушност ја носи титулата на највискоиот човек што некогаш живеел, бил висок 272,034 см.

Прегледи:
286
Категории:
Занимливости
Објавено на:
13.12.2022