Денот на Христовото раѓање – Божиќ е еден од најголемите христијански празници заедно со Велигден. Почнува на 7 јануари, се слави три дена и се смета за највесел православен празник. Погледнете неколку од обичаите:
Во божиќното утро се будиме со ѕвоната од камбаните, се облекува свечена облека и се оди во црква. На овој ден луѓето се поздравуваат со зборовите: Христос се роди. Навистина се роди.
Се верува дека првиот човек што треба да ни стапне во куќата треба да биде некој пријател којшто ќе ни донесе среќа, радост и мир во текот на целата година.
На Божиќ се поставува мрсна и богата трпеза којашто претставува прв мрсен ручек после долгиот пост.
Се посетуваат пријателите, се честита веселиот празник и се ужива во кругот на најсаканите.