Имате тест во училиште, интервју или нешто сосема трето, не е важно. Ви се тресат нозете, Ви се потат рацете, а Вашите мисли како за инает да отпатувале на место каде што не треба. Не можете да се фокусирате, а паниката полека Ве обзема.
Што да направите во вакви ситуации?
1. Дишете длабоко
Пред да започнете со важната активност, отидете на некое тивко место и смирете се. Дишете подлабоко од вообичаено и некоја минутка фокусирајте се само на воздухот што го дишете и издишувате. Ова ќе го смири Вашето тело, а исто така и Вашите мисли.
2. Едуцирајте се за Вашата анксиозност
Истражете детално што е она што Ве прави анксиозни и отфрлете ги Вашите нејасни стравови. Научете како да ја подобрите областа којашто Ви предизвикува анксиозност.
3. Не заборавајте да јадете
Кога заборавате да јадете додека сте во состојба на анксиозност, тоа уште повеќе ја влошува Вашата состојба. Иако можеби не чувствувате дека сте гладни, добра идеја е да каснете нешто за да не Ве обземаат уште понегативни мисли.