На најгледаниот спортски настан во САД, Супербоул, американската поп-пејачка, Ријана настапи после долги 5 години пауза. Пејачката на самиот настап откри дека повторно е бремена, а самото изведување го претвори во нешто незаборавно.
Таа пееше и беспрекорно танцуваше на пловечка платформа и неколку пати го допираше својот стомак. На самиот настан се појави во костум во црвена доминантна и моќна боја.
Ријана испеа дел од нејзините најпознати хитови, а самата публика ја остави во неверојатно воодушевување.