Категории

Со што се поврзува славењето на Валентајн?

Валентајн познат како денот на вљубените се слави на 14 февруари, а самиот празник се слави различно во различни земји.

Додека во Европа паровите ја слават нивната љубов така што си подаруваат подароци и одат на романтична вечера, во Америка и Англија си испраќаат љубовни пораки, а во Јапонија жените им даваат чоколади на своите шефови.

Овој ден е поврзан со христијанскиот маченик св. Валентајн којшто живеел во третиот век од нашата ера. По наредба на императорот Клавдиј II, Валентајн бил обезглавен поради тајно правење свадби. Според легендата, Валентајн ја излекувал слепата ќерка на неговиот затворски чувар и ден пред неговата смрт ѝ, испратил писмо на коешто се потпишал како „Твојот вљубен“.

Прегледи:
319
Објавено на:
14.02.2023