За да Вашите соништа станат реалност, она што е неизбежно секако е преземање акција. Преземањето акција се состои во навиките коишто ќе ги стекнете, тие се она што Ви треба за да стигнете до Вашата замислена точка. Време е да започнете со следново:
- Вашиот ден започнете го со она што Ви е најважно, а Ви изгледа дека е многу потешко во споредба со останатите работи. Доколку ја завршите Вашата најважна работа уште на почетокот на денот, останатиот дел од денот ќе Ви изгледа многу полесен и ќе се чувствувате многу подобро.
- Доколку не се чувствувате спремни да ја завршите Вашата најважна работа, почнете со нешто мало и релаксирачко. Со текот на времето ќе Ви дојде желбата и мотивацијата да го остварите она што го имате замислено.
- Поставете си тајмер и работете со максимална посветенот 45 минути без никакви дистракции. Откако тие минути ќе поминат, направете пауза и релаксирајте се.