Категории

Како да кажете „не“ за нешто што навистина не го посакувате

Кажувањето „не“ за работи коишто не ги сакате не е лесно, особено кога немате срце да одбиете нешто.

Сепак, во животот важно е да научите да го искажувате она што искрено го чувствувате бидејќи никој нема да Ви помогне ако не си помогнете самите на себе.

Еве неколку навики коишто е важно да ги стекнете:

  • Размислете убаво која е причината за Вашето „не“. Фокусирајте се на позитивните работи коишто ќе се случат доколку го изговорите тој збор кога најмногу чувствувате дека треба да го изговорите.
  • Љубезно одбијте ја понудата којашто не Ви се допаѓа. На тој начин им олеснувате и на тие коишто сакаат нешто да прифатите.
  • Набљудувајте како се чувствувате откако ќе одбиете нешто. На тој начин ќе дознаете дали сте донеле правилна одлука.
Прегледи:
348
Објавено на:
04.05.2023