Категории

Ријана се повлече од функцијата извршен директор на Savagе X Fenti

Американската пејачка Ријана назначи нов извршен директор за Savage X Fenti. 

Пејачката го основа брендот за долна облека во 2018 година.

Таа најави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор и отсега ќе ја извршува функцијата на извршен претседател, ќе се грижи за генералната состојба и целокупната насока на компанијата за разлика од извршниот директор чија задача е да биде одговорен за секојдневното управување.

За нов извршен директор, Ријана ја назначи Хилари Супер (Hillary Super). Хилари е долго време дел од светот на модата и е способна и посветена менаџерка.

Прегледи:
304
Објавено на:
26.06.2023