Законот во Јужна Кореја за традиционалното броење на возраста се укинува и се воведува новиот начин на сметање.
Така, јужнокорејците ќе станат една или две години помлади бидејќи според нивниот традиционален систем, бебето само што ќе се роди има веќе една година, а на секој 1 јануари се додава по една година.
Се очекува некои луѓе да се жалат бидејќи сакаат да продолжат со стариот систем, додека пак други веќе се возбудени што им се додава време и ќе станат помлади.