Рудник којшто датира од 19 век во Велс, е претворен во подземен хотел којшто ќе Ве чини 550 фунти за една вечер.
Хотелот е изграден од компанијата Go Below и самото место не е лесно пристапно.
До хотелот, односно дрвените кабини може да се стигне само со пешачење низ рудникот околку два часа и потоа да се спуштате со јаже.
Местото е на 419 метри под земја и најдлабокото хотелско сместување во светот.
Од компанијата истакнуваат дека ова место не е за оние со слабо срце.