Стартапите имаат значително влијание врз различни аспекти од економијата и општеството.
Нивното влијание се проширува и на локално и на глобално ниво, а нивните придонеси се повеќе од значајни.
Еве како и на што влијаат истите:
- Стартапите се извори на вработување. Тие отвораат разни позиции за разни вештинни и придонесуваат за целокупната стапка на вработеност.
- Со воведување на нови производи, услуги и бизнис модели, стартапите го поттикнуваат економскиот раст. Истите создаваат нови пазари, стимулираат побарувачка и генерираат приходи, со што придонесуваат за бруто домашниот производ за нивните региони.
- Стартапите се центри за иновација, развиваат револуционерни технологии, продукти и решенија.
- Со тоа што предзвикуваат натпревар на пазарите, се придонесува за подобрување на продуктите и услугите.
- Некои од стартапите се фокусираат на создавање позитивно влијание врз животната средина со тоа што развиваат решенија за справување со глобалните предизвици.
- Стартапите ги охрабруваат идните претприемачи да работат на нивните идеи.