Денес е првиот ден од претпоследниот месец во годината.
Ноември е месец полн со изненадувања, нова атмосфера и многу забава.
Еве неколку идеи за кои сѐ активности можете да ги правите во овој вистински есенски месец:
- Излезете во природа и уживајте во преубавите есенски лисја коишто без сомнение ќе ви го разубават денот.
- Отидете на есенски фестивал и донесете дополнителна забава во вашата душа.
- Ноември е совршен месец за започнување на домашно хоби било тоа да е плетење, редекорирање на соба, читање книги, цртање и слично.
- Истражете ја вашата култура и посетете некои музеи и други културно-забавни институции.
- Експериментирајте со сезонска храна како што се јаболките и тиквите. На пример можете да се обидете да направите пита од тиква и јаболка.