Категории

Ways2Help во акција: Системска помош со бесплатна едукација за финансиска и дигитална писменост за социјално загрозени семејства

Ways2Help е дигитална платформа која ги поврзува организациите, компаниите и индивидуалните донатори со цел да се помогне на социјално загрозени семејства, деца без родители и деца на самохрани мајки.

Покрај можностите за онлајн донирање, платформата нуди и опции за итно плаќање на режиски сметки за струја и вода, донации на училишен прибор, храна и санитарни производи.

Семејствата кои се дел од акцијата на Ways2help #ПлатиСметка се внимателно селектирани и избрани според нивните месечни примања, работоспособност на членовите во семејството како и нивната здравствена состојба при што се гледа нивната финансиска можност да ги покријат своите трошоци на месечно ниво како и дали припаѓаат во категоријата на социјално загрозени семејства. Соработката со организацијата “Љубезност” која работи на терен со социјални работници помага во потврдата и веродостојноста за секое семејство поставено на платформата.

Донаторите, иако лично не ги знаат семејствата, се запознаени со нивната приказна, на страната Плати Сметка, до наведеното семејство е испишана и нивната приказна – кратко објаснување за нивната моментална ситуација и причината за потреба на помош. На овој начин, секој што сака да помогне може да се запознае индиректно со семејството на кое директно донира.

Денес благодарение на Ways2Help Плати Сметка и добродушноста на сите донатори постигнати се над 300 успешни приказни со социјално загрозени семејства за малку не останале без струја и топол дом. Платформата брои над 6 820.000 денари или над 110.000 евра вклупно платени сметки и донации за социјално загрозени семејства.

Исплатата на овие сметки е повеќе од само доказ на хуманоста на нашиот народ туку и причина за поинакво утре за случаи во кои по исплатата на заостанатите сметките за струја на некои семејства повторно им беше приклучена електричната енергија.

Моментално активна е акцијата за “Биди и ти некому Новогодишно Изненадување” донирање на пакетчиња, книги, играчки за деца  која е една од акциите која традиционално се покрива со цел помош и зголемување на мотивот кај децата кон правилен развој и желба за образование. Досега се собрани над 150 комплети пакетчиња со облека, книги, играчки ранчиња и прибор.  

Во насока на долгорочно и системско помагање на овие семејства, неодамна се оддржа и Ways2Help Хакатонот каде 120 млади ентузијасти претставници на организации и ИТ компании беа пријавени и работеа во 17 тимови кои креираа решенија за долгорочна помош на социјално загрозени семејства. Погледнете ја атмосферата на следниот линк.

Во насока на континуирана системска и долгорочна промена на навики, оваа сабота од 17ч. во StartUp Club Skopje ќе се оддржи и едукативна бесплатна работилница за финансиска писменост.

Ways2Help ги повикува сите да се приклучат на бесплатниот настан за Финансиска Писменост во StartUp Club Skopje каде што присутните ќе имаат можност да ги поминат клучните аспекти на управувањето со пари, од паметно следење на финансиите до создавање на пат кон финансиска независност.

Сите заинтересирани може да се регистрираат на: https://lnkd.in/djTkJGW7

Овој настан е серијал под капата на “од Ways2Help до сите” со цел системски да се помогне на сите заинтересирани за подобрување на своите навики.

Предавач е Димитар Таневски, долгогодишен Финансиски Консултант, Овластен Брокер, Претприемач и Инвеститор.

Оваа 1-часовна обука ќе офати дел од паметно следење на финансиите со цел да се научи како да се користат ефикасни алатки за следење на трошоци и приходи и да создадете личен финансиски план, како правилно да се инвестира. Присутните ќе имаат можност да дознаат за најважните аспекти на инвестирањето и како да го избегнат ризикот и како да ги максимизираат добивките.

Ќе научат како да менаџираат со долгови. Ќе откријат стратегии за успешно управување со долгови и создавање на план за лични финансии и ќе се опфати темата – како до финансиска независност, како да се постават цели и стратегии за создавање на пат кон финансиска независност и слобода.

На овие предавања може да присуствува:

* Секој што сака да направи значителни промени во своите финансии.

* Почетници и ентузијасти во областа на финансии.

* Сите кои се стремат кон финансиска стабилност и независност.

Не ја пропуштајте оваа едукативна средба. Ова предавање е БЕСПЛАТНО за сите. Регистрацијата е на: https://lnkd.in/djTkJGW7

Ве очекуваме на  23 декември 2023, сабота од 17-18ч. Во СтартАп Клуб Скопје (дел од Среќа Бар до Американ Колеџ).

Прегледи:
132
Објавено на:
21.12.2023