Категории

Интересни факти за топлото чоколадо!

Со пристигнувањето на ладните денови, топлото чоколадо е пијалакот којшто стоплува и развеселува.

Погледнете неколку интересни факти за овој безвременски пијалак:

  • Топлото чоколадо потекнува од древните цивилизации на Маите и Ацтеките.
  • Во 17-тиот век, овој пијалак се пренел и во европските градови и бил симбол за луксуз.
  • Во 18-тиот век, се верувало дека топлото чоколадо има лековити својства. Пијалокот се препишувал за разни заболувања, а некои лекари го сметале за хранлив и здрав пијалак.
  • Ацтеките толку многу ги ценеле зрната какао што истите дури се користеле и како форма на валута.
Прегледи:
230
Објавено на:
27.12.2023