Бруталистичката архитектура е стил којшто се појавил во средината на 20 век, а истиот се карактеризира со користење на суров бетон.
Бетонот често се остава необработен така што ја прикажува својата природна текстура и боја.
Бруталистичките дизајни обично имаат смели геометриски форми, ставајќи акцент на повторувачки шеми. Ова подраззбира остри агли, прави линии и недостаток на украсни детали.
Многу бруталистички згради се нарачани да бидат изградени во овој стил бидејќи истиот се поврзувал со општествен напредок.
Бруталистичката архитектура е предмет на контроверзии. Додека некои ја ценат нејзината смелост и остра естетика, други ја критикуваат за суровоста, недостатокот на украсни детали и ја поврзуваат со урбано распаѓање.
Во Македонија примери за бруталистичка архитектура се Музејот на Современа Уметност, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, споменикот „Илинден“ во Крушево и слично.