Категории

Македонецот Слободанчо Ѓорѓиев од Виница сруши светски рекорд во чучнувања!

Храбриот Виничанец Слободанчо Ѓорѓиев пред неколку дена направи навистина смел подвиг и успеа да собори светски рекорд во чучнувања.

Имено, тој на 23 јануари 2024 направи 5500 чучнувања без престан, а за истите му требаше време од 3 часа, 20 минути и 17 секунди.

Претходниот рекорд беше поставен од Крис Винтер со направени 5200 чучнувања.

Слободанчо својата приказна ја сподели на социјалните мрежи и воедно им се заблагодари на сите коишто придонесле за остварување на неговата цел.

Слободанчо е вистинска гордост за нашата држава, а неговиот пример е уште еден доказ дека замислената цел е возможна да се оствари, а за истата е потребен огромен труд и силна самодоверба.

Во прилог, видеото:

Прегледи:
183
Објавено на:
26.01.2024