Најточниот љубовен хороскоп според старите Римјани
Овен
Вие сте упорни и дрски, па не се откажувате сè додека не го изморите „противникот“, односно личноста која ви паднала во очи. Младите дами можат да се најдат на мета на додворување од страна на Водолија или Лав, додека посилниот пол може да му се допадне на нескротливите Близнаци или Стрелци кои не можат да седат мирни на едно место. Вие можете да ја запознаете вашата љубов на забавите кои ги посетувате.
Можат да ви се појават емоции и кон личност која е од странство и која сте ја запознале за време на патување. Оние кои веќе имаат врска, исто така можат да влезат во паралелна или забранета тајна врска во која ќе доминира страста.
Бик
Никој од другите хороскопски знаци не може да се бори со вашиот шарм и упорност. Вие секогаш се трудите да оставите силен впечаток на онаа личност која ви се допаѓа. На Ракот му се допаѓа вашиот заштитнички став, додека пак, на Девицата безбедноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе одолеете на упорниот Јарец или егзотичната Риба.
Вие можете да запознаете некој за време на пролетта, па водете се од страстите и емоциите. Доколку врската се движи побавно, исто како што вие би сакале, тоа значи и дека таа не би траела долго. Вие можете да развиете силни емоции за личност од вашето родно место.
Близнаци
Вие сте весели, духовити и забавни, па во вашето друштво никогаш никому не му е здодевно. Ова може да им одговара на шармантната Вага или таинствената Водолија, особено ако сте жена. Машките претставници на овој знак, можат ненадејно да бидат привлечени од Лав или Овен.
Можностите за нова врска постојано ви доаѓаат сами, па токму затоа не мора да се трудите многу на тоа поле. Но, имајте на ум дека и покрај тоа што не мора да се потрудите за почетокот, доколку сакате вашата нова врска да трае, тогаш ќе треба да вложите малку и од себе во неа. Најголемиот предизвик за одржување на врската кај вас е чекањето и трпеливоста.
Рак
Вие сте романтични и никогаш не ви е доволно од нежности, па токму тоа и јасно ѝ го давате до знаење на личноста која ви се допаѓа. Доколку станува збор за Скорпија или сензуална Риба, тие веднаш ќе знаат дека го привлекле вашето внимание, особено ако сте припадничка на понежниот пол. Мажите Ракови треба да обрнат внимание на Бик или Девица кои веќе ги познаваат.
Без разлика дали сте сами или имате партнер, во вашиот живот може повторно да се појави бивш партнер кој целосно ќе го размрда.