Овен
Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.
Среќен ден: Понеделник
Бик
Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од вас и имаат влијание на работите. Затоа поврзете се и не препашувајте премногу. Следете ги до целта. Љубовта ви се чини дека е далеку од вас, но другите содржини од животот ви даваат сила да ја издржите самотијата или дистанцата во личните односи. Така ќе биде во текот на целата седмица.
Среќен ден: Петок
Близнаци
Како што ќе одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.
Среќен ден: Среда
Рак
На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.
Среќен ден: Четврток