Категории

Викторија Лоба мистична и секси во новиот спот за „Опиум“

Откако на почетокот од месец декември ја објави дуетската песна „Киша и сунце“ со Црногорецот Вања Радовановиќ, поп-пејачката Викторија Лоба годината ја заокружува со премиерата на спотот за песната „Опиум“.

Спотот е во реализација на „ExitB“ продукција и е реализиран на отворено во Маврово и Козјак, пишува „Вистина“.

„Сакав “Опиум” да добие видео запис и да ја претстави визуелно песната, ја слушам како се врти на радио станиците, а сега редно е публиката да ја доживее песната и на ТВ, вели Лоба.

Автор на музиката е Дамјан Лазаров, на текстот се потпишува Лоба, додека продукцијата е на Роберт Билбилов.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=I4llLUO9uiA[/tube]
Прегледи:
688
Објавено на:
02.01.2016