Категории

Кои хороскопски знаци се најдобри за брак

Дознајте кои хороскопски знаци се најдобри жени за брак.

РАК

Кога некој ќе го освои срцето на дама во хороскопски знак Рак, таа ќе го сака безусловно до крајот на животот.

Нејзините чувства се секогаш интензивни. Подготвена да направи се за нејзиниот избраник да е најсреќниот човек на светот.

Со оглед на тоа дека е склона на драматично доживување на ситуациите, со неа партнерот секогаш има свој “театар“ во домот. Но тоа е мала цена која треба да се плати за она што го добива за возврат.

Децата за неа се нешто свето и нивните потреби секогаш ги става пред своите. Од мажот таа очекува да ја пази и да биде искрен со неа.

ЛАВ

Лавицата е неверојатно е борбена и способна дама, но и на неа и е потребен маж кој секогаш е тука кога и треба помош.

Бара рамен маж на себе, па покрај неа никако нема треба да бидете само обичен човек, туку супермен.

Се што прави за својот партнер лавицата го прави со целата своја душа и тело.

Кога се лути тоа го прави на најубаво на цел свет. Со неа секој маж ќе дознае што е несебична и вистинска љубов.

За своите деца секогаш се бори како права лавица. Од партнерот бара само да ја обожава, а тоа не е  ништо во споредба со тоа што таа го нуди.

ЈАРЕЦ

Пред жена во хороскопски знак Јарец секој маж паѓа на колена. Таа е силна и може да поднесе се. Се што ќе науми ќе го спроведе на дело.

Она што на многу мажи би им ја скршило кичмата, оваа дама ќе го поднесе со неверојатна леснотија и достоинство.

Секогаш ќе го одржува пламенот на одговорност, должност и посветеност. Со неа секој поминат ден е се подобар и подобар.

Не живее во фантазија, напротив стои цврсто на земјата и добро знае што очекува од мажот кој го сака.

Дамата Јарец успева да го извлече најдоброто од својот избраник.

Како мајка е строга но праведна, таа одгледува победници. Од својот партнер бара да покаже карактер и истрајност.

Прегледи:
606
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
09.01.2016