Категории

Овој е најдобар понеделник за почеток на диета според астролозите

Астролозите велат дека младата месечина која настапува оваа ноќ е совршен знак за нови почетоци, позитивни навики и исфрлање на негативностите.

Причината за тоа е што на денот на младата Месечина влијанието е повеќе од суптилна природа, додека за време на полната Месечина човекот е свесен за зголемените мисли.

Младата Месечина со себе носи доволно моќ и енергија кои поттикнуваат обнова на вашиот дух, мисли, аура.

Вечерва над Македонија, околу 2:30 часот по полноќ, ќе се појави првата млада Месечина годинава. Таа со себе носи зголемена интуиција, па ова е добар период за донесување на тешки одлуки.

Време кога е поволно да се почне со исфрлување на лошите и штетни навики.

Во текот на овој ден концентрирајте се на иднината, насочете ги вашите мисли кон позитивност и пробајте да визуализирате каде ќе бидете за една година од овој ден.

Младата Месечина со себе носи доволно енергија, која може да ја насочите кон започнување на нови работи и затворање на лоши поглавја од вашиот живот.

Астролозите советуваат дека оваа фаза е идеална и за започнување на диета, нега на кожата, косата и ноктите. Треба да се внесуваат и повеќе течности во организмот.

Прегледи:
654
Објавено на:
11.01.2016