Многу сме слушале за јаболковиот оцет, дека ферментираниот оцет е полн со влакна и хранливи материи и дека помага во намалувањето на потребите за слатко, го намалува желудочниот рефлукс, помага кај карцином и запек.
Сето тоа добро звучи, но лоша вест е дека многу од овие верувања не се вистина. Се покажало дека јаболковиот оцет не содржи нималку или мошне малку влакна, витамини и минерали, а не е докажано ниту дека навистина лекува некои здравствени тегоби.
Но, јаболковиот оцет може да помогне кај апсорпцијата на повеќе хранливи материи од храната и сеедно е дали ќе го пиете или изедете како зачин во салатата. Второ, јаболковиот оцет може да го намали шеќерот во крвта кој се крева по јадењето, па поради тоа ја намалува желбата за слатко.
Една студија покажала дека консумирањето на јаболковиот оцет пред јадење ја намалува гликозата во крвта кај пациентите болни од пре-дијабетес, и тоа дури за половина.
На некои работи, сепак, треба да внимавате ако консумирате јаболков оцет. Никако не земајте го на празен желудник. Ако тоа го направите, ќе се чувствувате лошо. Ќе се појави чувство за глад, но на нималку пријатен начин, туку повеќе ќе ви биде мачно.
Најдобро е да го пиете по јадење кога сè уште не сте сосема сити. Тогаш ќе ви помогне да ја намалите желбата за храна и ќе ве спречи да посегнете по остатоците од храната на масата.
Јаболковиот оцет исто така помага кај празнењето на цревата. Може да ви послужи како природен лаксатив, дејствува многу полека и нежно без грчеви. Доколку одлучите да консумирате јаболков оцет, пијте го на правилен начин. Единствено така нема да ви се случи да ви спржи хранопроводникот посилно од жестоките алкохолни пијалаци. Една лажичка јаболков оцет помешајте во вода и пијте со цевка, за што помалку да ги допре сетилата за вкус.