Категории

Храброст или себичност? Го оставила вереникот бидејќи бил стерилен и станала самохрана мајка

Откако три години безуспешно се обидувале да се остварат како родители, Клер Мекгин и нејзиниот вереник Сем откриле дека проблемот бил во Сем. Бил стерилен.

Иако двајцата биле изненадени и шокирани, Клер го убедувала својот вереник дека тоа сознание нема да ги промени нејзините чувства бидејќи љубовта не функционира на тој начин.

Но, пет години подоцна, откако двајцата потрошиле преку 20,000 фунти на безуспшено зачнување, Клер ја прекинала нивната врска. Иако тоа го направила со тешка душа како што изјавила таа, сепак денес Клер е среќна самохрана мајка.

– Откако ја дознавме неговата дијагноза ми беше ужасно тешко, но не бев спремна да се откажам толку лесно. Решив да се бориме заедно за да основаме семејство за кое целиот мој живот сонував, вели Клер за Дејли Меил.

Сем многу добро знаел колку многу Клер сака деца и предложил нивната врска да ја раскинат веднаш за таа да може да се оствари како мајка со некој друг. Меѓутоа, таа одлучно го одбила.

hrabrost-ili-sebichnost-go-ostavile-verenikot-bidejki-bil-sterilen-i-stanala-samohrana-majka-1

– Нашите пријатели полека влегуваа во брачните води и добиваа деца, а мене ми беше криво бидејќи не можевме да се оствариме како родители. Ми предложи да посвоиме дете, но јас очајно сакав да носам бебе во својот стомак, посебно кога знаев дека сум способна за такво нешто. Тој се противеше против тоа и ми кажа дека целиот тој процес му е бизарен и дека не му се допаѓа идејата во себе да носам дете од друг маж. Сепак, на крајот попушти – раскажува младата мајка за британскиот таблоид.

По неколку безуспешни вонтелесни оплодувања, лекарот им соопшти на Клем и Сем дека треба да се откажат и да не трошат повеќе пари. Како што Сем и понатаму беше скептичен кон процедурите за вонтелесното оплодување, Клер почна да размислува дека неа и пречи стресот и дека поради тоа таа не може да остане бремена. Истовремено сфатила дека и Сем нема никогаш да биде среќен доколку таа затрудни со сперма од друг, непознат маж. Како и дека можеби никогаш нема да биде добар родител поради тоа.

hrabrost-ili-sebichnost-go-ostavile-verenikot-bidejki-bil-sterilen-i-stanala-samohrana-majka-2

Ова довело до се почести караници, а Сем почнал да излегува со своите сингл пријатели без Клер и да останува по цели ноќи и да се забавува до утрата. Била очајна кога во еден момент сфатила дека нивниот однос сепак нема да се промени на подобро. Донела одлука и ја прекинала врската со него.

Решила самата да започне процес со вонтелесно оплодување, но лекарите и соопштиле дека во својата 36-та година влегла во ран стадиум на менопауза, односно дека многу тешко ќе може да се оствари како мајка со своите јајце клетки. Била лута, најмногу на себе што не се обидела порано да добие дете сама.

Решила да користи туѓи јајце клетки како и сперматозоиди. Ова не била најидеалната ситуација, но најмногу сакала да донесе деца на овој свет. Конечно, во 2014 година го добила позитивниот знак на тестот за бременост. Нејзините сестри и мајка биле тука да се радуваат заедно со неа. Следната година родила две преубави девојчиња. Ги крстила симболично – Хоуп и Фејт (надеж и судбина).

Денес е среќна и исполнета како мајка. Вели дека не жали затоа што го оставиле Сем, бидејќи ако останеле заедно, таа никогаш не би имала шанса да ужива со своите девојчиња.

Прегледи:
522
Објавено на:
17.01.2016