Овој бизнисмен „владее“ на социјалните мрежи Снепчет и Инстаграм каде што секојдневно го покажува својот расипнички начин на живот. Заедно со неговата сопруга Марија, овој мултимилионер го живее животот кој е сон на секој маж, во неговата куќа во Беверли Хилс за која плаќа 10.000 долари месечно.
Но, не било отсекогаш така лесно.
Бастијан пред некое време тврдеше дека бил „протеран од Германија затоа што биле премногу впечатливи со својот развратен живот“, велејќи дека луѓето дури „плукале на неговото Ферари и се подбивале со силиконските гради на Марија“.
Па, затоа, брачниот пар си ги спакувал куферите и се преселил во Беверли Хилс. Зборувајќи за својот фантастичен живот, Бастијан рекол за “Mail Online” дека веднаш се заљубил во местото.
„Прекрасни плажи, преубави девојки – тоа е тоа што го сакав“.
„Имав визија која што сега ја претворив во реалност – Си создадов мои сопствени „Чувари на плажата“ и мојата девојка е пожешка од Памела Андерсон.
Германците се потсмеваа на нејзините гради велејќи дека се премногу големи, но потајно мислам дека им се допаѓаа. Јас сакам големи гради и знам дека тие ја направија Марија многу среќна“.
Но, губитокот на Германија е добивка за интернетот, каде што оваа богата двојка воодушеви половина милион следбеници на нивниот профил на Инстаграм. И, не е тешко да се сфати зошто.
Бастијан редовно објавува фотографии од разголените гради на неговата сопруга на многу компромитирачки и раскошни локации. На една фотка може да се види русокосата убавица како ги покрила своите брадавици со клучевите од автомобили на нејзиниот сопруг.
И, не зборуваме за клучеви од Хонда или Рено. Не, Бастијан поседува Ролс Ројс, Ферари и не едно, туку две Поршеа.
Оваа брачна двојка на Инстаграм постојано го промовира својот позитивен „Јота начин на живеење“ и со него го фрлија некогашниот „крал на Инстаграм“ Ден Близеријан во сенка.