Категории

Хороскопски знак по кој мажите “полудуваат“

Без разлика дали е свесно или несвесно, мажите ги обожаваат дамите кои во хороскоп се Риби.

Она што најмногу им се допаѓа е нивната потреба да бидат заштитени, а на мажот му е потребно да биде лидер, така што во нивно друштво се чувствува како алфа мажјак.

Инаку, дамите во хороскопски знак Риби се многу нежни, шармантни и женствени. Не дозволуваат према нив некој да се однесува безобразно и дрско, а истовремено се мирни души кои ги сакаат повеќе едноставните излегувања во пар отколку лудите забави со пријателите.

Уште една работа поради која лесно го освојуваат срцето на мажите е тоа што се страстени, емотивни љубовници кои даваат се од себе во врската, за нивниот партнер да биде среќен.

Не ги сакаат кратките врски, а најсреќни се кога ќе најдат некој кој им одговара на долги стази и кој се ќе прави да се чувствуваат посебни.

Рибите се великодушни и се одлични пријатели. По природа не се кавгаџии и веднаш се обидуваат да ги решат проблемите на мирен и ефикасен начин.

Прегледи:
460
Објавено на:
19.01.2016