Категории

Направи сама: Плетенка – круна!

Плетенките веќе неколку сезони се многу популарен тренд, додека една од најинтересните е точно круна – плетенката. Затоа, ние ќе ви го претставиме начинот на правење кој е многу лесен + тука е и примерот со фотографии.

Најправо се прават крупни локни а потоа секој од тие прамени попрскајте ги со спреј за јакнење и обликување на косата. Кога ќе го направите тоа,  треба да издвоите прамен од косата во средината, и од него да направите плетенка која оди накосо, а потоа плетенката префрлете ја преку главата, за да изгледа како круна.

Кога ќе го направите тоа, косата поделете ја уште на два делови, кои ќе ги исплетите во француска плетенка, но така да едната плетенка се надоврзува со другата. Плетенките зацврстете ги убаво, за да не се распаднат.

И, тоа е тоа, имате круна плетенка, косата не ви смета и сте тотално тренди.

Уживајте.

Прегледи:
574
Објавено на:
19.01.2016