Скоро на сите им е забавен симпатичниот флерт, но сепак на некои од нас тоа баш им оди од рака. Астролозите велат дека освен карактерот на оваа умешност влијае и хороскопскиот знак.
Еве кои се четирите хороскопски знаци кои ги рушат рекордите во заведувањето…
ЛАВ
Лавиците заведуваат суптилно и со многу фантазија. На “жртвата“ и приоѓаат со самодоверба, неодолив шарм и насмевка која ќе ја осветли целата просторија.
Тие на оној кој го заведуваат му нудат кралски третман, а дополнителни поени собираат со своите манири.
Припадничките на овој хороскопски знак не сакаат да губат, па секогаш одат на победа. Заведувањето за нив е уметност, и затоа уживаат во секој чекор на освојувањето, па дури и кога треба да се помачат малку повеќе.
ШКОРПИЈА
Кога Шкорпијата ќе влезе во просторија едноставно не останува незабележана. Нејзиниот продорен поглед освојува без допир, а кога ќе ја избере “жртвата“, ја освојува за неколку часа.
На Шкорпиите особено од рака им оди невербалната комуникација и често ја користат додека го слушаат партнерот како зборува.
Во кревет се по малку диви и уживаат да водат љубов со часови, на себе секогаш имаат заводлива долна облека.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците имаат интересен пријателски пристап, кој скоро секогаш успева. Тие се духовити, шармантни и образовани.
Толку се забавни што партнерот може да помине часови со нив само во разговор.
Имаат неодолива харизма која ги привлекува луѓето околу себе, многу се позитивни и воспитани и затоа никој со нив не може да се чувствува непријатно.
РАК
Ракот е полн со сочувство, разбирање и љубов во секој момент. Има бескрајно големо срце во кое можат да се соберат сите стравови, падови, успеси и желби на партнерот.
Дамите кои се во хороскоп Рак, освен што се љубовници тие на својот партнер му се и најдобри пријателки. Впрочем така и најчесто се појавува љубовта, која од кафе разговор преминува во страсна љубов.