Категории

Најпознатата оптичка илузија: Што прво ќе видите на неа може многу да каже за вашиот карактер

Цртежот насловен „All is Vanity“ од 1892 година на илустраторот Чарлс Алан Гилберт, кој го нацртал кога имал само 18 години, многумина го сметаат за најдобрата оптичка илузија на сите времиња. Репродукциите на оваа оптичка илузија се популарни и денес, речиси 100 години откако овој цртеж за прв пат се појавил. Не размислувајте. Оддалечете се малку од екранот и погледнете. Што прво забележавте?

На прв поглед се забележува еден голем череп. Но, ако повнимателно се прегледа цртежот се открива една млада девојка која гледа во својот одраз на огледалото. Симболизмот на сликата укажува на човечката суета и гордост, а во уметноста, суетноста често се претставува како жена која е презафатена со својата минлива убавина. Па, што прво забележавте вие?

1. Череп

Вие сте бунтовник, личност која слободно размислува. Страствена и силна. Черепот е еден од најстарите и најмоќните симболи, а за вас го симболизира она по кое копнеете: заштита, сила, моќ, бестрашност, мудрост, лидерство, преживување во тешките мигови и бесмртност. Вие сте свесни за непроценливата вредност на времето и нашето привремено постоење во овој физички свет. Ова за вас не е ништо негативно и депресивно, туку ја прикажува свеста за важноста на живеењето во моментот, искрата за живот и духовниот развој. Вие сте езотерична личност, помалку волк самотник, ја сакате осаменоста и рефлектирањето. Се чувствувате како да сте ги откриле сите тајни во светот. Сакате да бидете во друштво со „подлабоки“ луѓе. Черепот како да ве повикува да го зграпчите денот.

2. Девојка која гледа во огледало

Вие сте горди и суетни само на прв поглед, а во душата сте романтичар и сонувач. Понекогаш патите од недостаток на самодоверба. Секогаш ги помните критиките, а ги заборавате пофалбите. Дури и ако 1.000 луѓе ве пофалат, а еден ве критикува, вие ќе размислувате само за таа една критика и ќе верувате само во неа. Уживате во убавината, имагинацијата, планирањето и помалку сте перфекционист. Често живеете во свој свет. Вие сте креативни, педантни, имате смисла за уметност и естетика, но и не го познавате грдото туку во него гледате потенцијална убавина. Огледалото за вас не е само симбол на телесната, туку и на духовната рефлексија. Често сте уморни од светот и од својата аналитичка природа, па бегството во фантазиите, плановите и поубавите светови не ви е непознато.

Имајќи го ова на ум, вие имате и една темна страна. Онаа која ја криете од другите, а испливува на површина само кога сте сами. Понекогаш премногу ве мачат мислите за самите себе, за смислата на животот, чувствувате нецелосност и егзистенцијална тежина и сакате да се доживувате онака како што се трудите другите да ве доживуваат.

Прегледи:
701
Категории:
Занимливости
Објавено на:
19.01.2016