Категории

Ова е најбрз начин за да ја исчистете вашата рерна и тоа БЕЗ отровни хемикали.

Можеби звучи како магија. Но потполно е реално. Ужасните, тврдокорни  траги можете да ги отстраните од рерната без хемикалии, а додека трепнете ќе бидат  блекаво чисти.

Во  секоја фамилија, рерната се користи многу често и поради тоа рерната многу брзо го губи сјајот и се потешко можете да видете низ стаклото која храна се готви. Ако немате време после секој ручек детално да ја исчистите рерната, наслагите кои се таложат  тешко се чистат, но еве решение за вас.

Потребно ви е:

  • Едно шише – спреј
  • 1 чаша вода
  • 1/3 чаша јаболков оцет
  • 1/2 чаша јадра сол
  • 1/2 чаша сода бикарбона
  • 1 жилет.

Упатство.

  1. Помешајте ја водата и оцетот и мешавината префлете ја во шишето со спреј. Напрскајте со добиената течност по вратата од рерната и нејзината внатрешност.
  2. Потоа ставете на рерната слој од јадрата сол.
  3. По солта посипајте сода бикарбона.
  4. На крај, повторно попрскајте со уште малку од мешавината на оцет и вода се додека не се создаде паста. Магијата која ја создава оцетот и содата бикарбона ќе се случи веднаш пред вашите очи. Почекајте 10 мин да отстои.
  5. Со крпа исчистете се што излезе од рерната, а потоа со жилетот нежно изгребете ја нечистотијата која преостанала. Запомнете дека површината од рерната мора да биде влажна кога ја чистите со жилетот, бидејќи во спротивно може да се оштети стаклото.

Со лесно.

Прегледи:
434
Објавено на:
20.01.2016