Хороскопските знаци одредуваат многу нешта, па дури и тоа каков партнер би можел да ви одговара.
Во прилог ви нудиме мал астро водич во случај уште да не сте ја пронашле вашата сродна душа.
Дамите во хороскопски знак Овен се “робови на страста“…кај припадничките на овој знак, кокетирањето е само нужна состојка, тие веднаш би “поминале на работата“ и би се препуштиле на страсното уживање.
Кај нив љубовта е цврсто поврзана со физичката компонента на односот. Сепак за да го освоите срцето на оваа дама претходно треба да покажете дека имате квалитети како разбирање, грижа и чувства.
Дамите во хороскопски знак Близнаци “сакаат акција“…најдобар начин да се привлече вниманието на Близнаците е со разговор во кој партнерот ќе покаже оригиналност и одлучност, а притоа ќе подари голема доза на внимание.
Дамата Близнак е многу љубопитна па таа ужива партнерот да и открива детали од својот живот кои со друг не ги споделил. Ако партнерот е спонтан, природен и подготвен за акција, таа ќе му ја понуди целата своја љубов.
Дамите во хороскопски знак Бик “тежнеат за сигурност“…тајната на освојување на дамата Бик е во нејзините сензуални сетила, пред се вкусни вечери и фино вино но и луксузни подароци. Идеален состанок за неа е интимна романтична вечера во некој ресторан со свеќи и пригушена музика.
Дамите во хороскопски знак Рак “ја сакаат романтиката“…припадничките на овој знак најчесто остваруваат врска со некој кој долго го знаат и со кој прво имале пријателски однос. Чувствата им се неверојатно важни, па ако имаат љубов која ги исполнува се среќни и се партнерки какви секој маж посакува.
Дамата во хороскопски знак Лав “не поднесува потпросечност“…лавицата во врската бара многу љубов и внимание. Таа знае целосно да се посвети на партнерот но од него го бара истото. За да се импресионира дамата Лав партнерот треба да ја однесе во многу убав ресторан, да набави карти за концертот на кој таа сака да оди и секако да ја однесе на место на кое дотогаш не била.
Дамите Девици “во љубовта се многу внимателни“…дамата Девица е перфекционист и од партнерот бара да ги оставри сите нејзини желби. Таа е педантна, уредна, амбициозна, практична но и многу духовита.
Девицата се одлучува за сериозна врска само ако партнерот ги задоволи нејзините високи стандарди. Најмногу цени ситни гестови со кои тој ќе и покаже дека размислува за нејзините чувства и потреби.
Дамите Ваги “бараат внимание“…Вагите им се најпривлечни на мажите. Имаат вродена способност за освојување, но и покрај тоа внимателно го бираат својот партнер.
Тие често го вагаат односот и се прашуваат дали добиваат од партнерот онолку колку што му даваат. Важни им се деталите, а ја почитуваат оригиналноста но и луксузот.
Дамите Шкорпии “не сакаат наметнување во љубовта“…Шкорпиите се едни од најкомплицираните знаци на Зодијакот. Интелигентни се и страствени, посесивни, а понекогаш и осветољубиви. Страстевни се до таа мера што сакаат па мразат до екстремни граници.
Во врската или целосно се предаваат или се незаинтересирани. Кога ќе ја завршат својата врска тие никако нема да останат пријатели со партнерот.
Дамите Стрелец во љубовта се даваат “до крај“…динамични и активни, припадничките на овој знак се вистински предизвик за мажите кои сакаат да ги освојат.
Кај партнерот важен им е физичкиот изглед поради што делуваат малку површно. Дамата стрелец сака љубовни игри, но без претерување. Ако и е повредено егото таа многу брзо ќе бара занимација на друга страна.
Дамата Јарец крие “нежно срце“… таа се одликува со неверојатна способност да ги процени луѓето, а од партнерот бара особини кои ќе ги надополнат нејзините. Најлесно ќе ја освои партнерот со своите достигнувања но и со паметни заклучоци. За неа љубовта е многу важна, па понекогаш и е потребно подолго време за да му се отвори на партнерот.
Дамата Водолија бара партнер на “своето интелектуално ниво“… ја интересира културата, патувањата, социјалните проблеми и науката. Ќе се олади од вас ако гледате други жени додека сте со неа.
Таа е многу културна и начитана па своето време не сака да го губи со некој кој не е на нејзино ниво.
Дамата Риби најмногу го цени “пријателството“…Рибите бараат интензивна и емоционално исполнета врска. Ако сакате да ја импресионирате оваа дама, потребно е да ја почитувате нејзината емотивна страна.
Ќе ја освоите со добра книга, романтични филмови и вечера со свеќи. Рибата е одличен пријател и љубовник. Но на неа и е потребна голем поддршка, нема да биде задоволна ако сте ладни спрема неа.