Последниот албум на ѕвездата излезе на пазарот без многу еуфорија во 2013 година, а пејачката одлучила и овој пат да не крева многу врева.
Според анонимни извори 34-годишната пејачка планира да ја објави веста на претстојниот спектакуларен настан за американскиот фудбал “Супербол” следниот месец.
Според извори, песните се готови веќе некое време, но Бијонсе ја чува веста во тајност. Најверојатно таа чека вистинскиот момент и сигурно сака да почека да стивне еуфоријата по новиот албум на Адел.
“Бијонсе беше подготвена уште на крајот на 2015 година, но се уште чека да поминат минутите слава на Адел”, објасни извор од музичките кругови.
Неодамна имаше и гласини дека двете пејачки планираат дует, но засега таква информација не е потврдена.