Откријте со кој хороскопски знак морате да бидете барем во еден период од животот…
ОВЕН и ВАГА
Врската за овие два знака е предизвик на кој е тешко да се одолее. Префинетоста на Вагата и сексуалноста на Овенот се две различни работи но едноставно многу се привлекуваат. Но врската не може да биде долга, бидејќи префинетоста, умереноста и пристојниот начин на живот ги нервира Овните, кои нема да се променат на инсистирање на Вагата.
БИК и ШКОРПИЈА
Иако кавгите и конфликтите во врската помеѓу овие два знака е неизбежна, Шкорпијата со својата дива страст ги заведува нежните бикови. Бикот е пасивен во врската, а тоа не и се допаѓа на Шкорпијата, па тука настануваат кавгите. За врската да потрае подолго, страста од спалната соба треба да се пренесе и на другите аспекти од животот.
БЛИЗНАЦИ и СТРЕЛЕЦ
Кога ќе се сретнат Стрелецот и Близнаците, привлечноста е видлива од авион. И тоа не е само физичка привлечност, туку едноставно се сложуваат. Она што на Близнаците не им се допаѓа кај Стрелците е нивното уверување дека се знаат, додека пак склоноста кон озборување на Близнакот е нешто што Стрелецот не може да го поднесе.
РАК и ЈАРЕЦ
Она што ги спојува овие два знака се силата на Јарецот и емотивноста на Ракот. Но, среќата во врската може да ја повреди чувствителноста на Ракот и повременото игнорирање од страна на Јарецот. Она пак што најмногу му смета на Јарецот кај Ракот е неговата несамосталност.
ЛАВ и ВОДОЛИЈА
На Лавот му е интересно фантазирањето на Водолијата. Она пак што на Водолијата и се допаѓа кај Лавот е неговата бескрајна харизма. Тоа што има големи шанси да ја расипе врската е што Лавот постојано бара неограничени количини на внимание, а тоа ја нервира Водолијата и и прави да се чувствува здодевно.
ДЕВИЦА и РИБИ
Спротивностите се привлекуваат. Рибите не сакаат рутина, додека Девиците уживаат во редот и сакаат кога е се под конец. Се помагаат меѓусебно и се обидуваат да научат нешто ново. Рибите учат како да бидат поорганизирани, а Девиците да уживаат во животот.