Категории

Која модна икона решила да се откаже од своите чевли ? И зошто ?

Познатата британска дизајнерка одлучила да организира голема распордажба за да им помогне на жртвите од кобниот тајфун на Филипините. Викторија Бекам решила заедно со сопругот Дејвид да организираат распродажба на чевлите и гардеробата за добротворни цели.

Популарниот пар избрал еден дел од својата брендирана колекција и ја донирале во продавницата на Црвениот крст, а парите кои ќе се соберат ќе бидат донирани за хуманитарната помош на фамилиите на жртвите на Филипините.

Според пишаните странски медиуми Викторија одбрала 100 пара чевли, потпишани од некои од најголмите имиња од модниот свет вклучувајќи ги и Долче и Габана, Роберто Кавали и многу други. Целата гардероба и обувките веќе се пуштени во продажба во продавниците во Кенсингтон и Челси.

Прегледи:
417
Објавено на:
24.01.2016