Кога совршенството би имало име, тогаш тоа би било Кристина.
Име составно од 8 букви. Име кое што толку е убаво и мило.
Име кое го носи моето СЕ на овој свет.
Таа е личноста која што пред точно 15 години се молела за мене, се молела за да ме има, се молела за да не биде сама, за да има некоја со која што ќе ги дели нејзините тајни.
И тогаш кога ме добила била најсреќната личност на светот.
Таа е мојата најголема подршка, онаа која што секогаш е тука за мене, на секое место и во секое време.
Онаа која што секогаш е спремна да ме сослуша и да ми помогне.
Таа е мојата најмила, мојата најдрага , мојата гордост и мојата иднина.
Таа е мојата сестра, а да имаш сестра како неа, значи дека си богат, таа е бесценета.
Сите Вие кои имате сестри, кажете им денес дека ви значат, прегрнете ги, изјавете љубов, од онаа сестринската, искажана преку тајни.
Искажете почит, поминете го целиот ден со неа, бидејќи ништо не е загарантирано во овој живот, ниту пак утрешниот ден во кој се надевате дека ќе најдете време за да ја прегрнете.
Сторете го тоа денес!
Георгина Ристеска