Домашните производи од кујната се се популарни и помеѓу холивудските глумици, па така и Кетрин се спротивстави на ботоксот и пластичните операции, за разлика од нејзините бројни колешки.
Доколу се прашуавте која е нејзината тајна, еве одговор. Глумицата сама откри дека на лицето нанесува арганово масло, со што обезбедува хидратација, а воедно го одржува и младиот изглед.
„Само кога ќе стигнам во Њујорк и кога ќе се сместам во хотелската соба, мене кожата ми се суши како чипс. Но навечер задолжително нанесувам арганово масло кое ми ја храни кожата, и следниот ден го започнувам со хидрирано лице.“ – изјавува Кетрин, при што додава „Меѓутоа, вистинската хидратација доаѓа одвнатре. Никогаш не можете да испиете премногу вода. Избегнувајте газирани пијалоци. Но мислам дека СРЕЌАТА е најдобар тоник за младоликост. Доколку сте задоволни со себе, тоа ќе се забележи и однадвор.“
Аргановото масло се произведува од ореви од арганово дрво, кое потекнува од Мароко, а жените со векови го користат за лечење акни, сува кожа, ублажување на брчките, болките во зглобовите, па дури и стриите.