Зошто да останам овде? Зошто? Зарем има некоја причина? Зарем има нешто што ми нуди оваа земја? Оваа ’’совршена’’ земја?
Ова се моите секојдневни прашања кои ми се вртат во мојата глава.
Ништо,незнам што да одговорам. Што да правам? Уште ли да седам овдека и само да тапкам во едно исто место?
Не ,нема! Неможам повеќе да го поднесам ова.
Неможам да гледам како некои луѓе кои што воопшто немаат капацитет успеваат, а јас , јас што толку многу се трудам , правам се за да бидат задоволни најпрво другите а потоа јас, пропаѓам .
Да потполно пропаѓам.
Зошто постои ваква неправда?
Зошто некој што воопшто не го интересира училиштето успева, а некој што толку многу се труди пропаѓа?
Да,го знам одговорот на ова прашање.
Тоа е така затоа што во ова земја успеваат оние кои што имаат пријатели, а не оние кои што завршиле факултет,дипломирале,магистрирале и докторирале.
Па ,затоа решив,решив заминувам од оваа земја!
Знам,ќе боли, многу ќе боли, но ќе помине,се надевам.
Најмногу ќе ги боли на моите родители а не на оние “пријателите’’.
Но, ќе направам се за да ги одвојам и нив од оваа неправедна земја.
Можеби нема да бидам некоја совршена личност, ама барем знам дека ќе бидам повеќе почитувана таму,него овде.
Па затоа решив, ЗАМИНУВАМ КОНЕЧНО!
Георгина Ристеска