Категории

Кои хороскопски знаци го простуваат неверството

Некогаш љубовта не оди многу мазно и се појавуваат некои ситни проблеми но и изневерување од страна на едниот партнер.

Некои успеваат да поминат преку тоа, додека за други тоа значи крај на врската.

Во продолжени прочитајте кои хороскопски знаци имаат големо срце и пред се најголемо разбирање во овие критични ситуации.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се познати по својата променливост. Тие на партнерот кој ги изневерил ќе му кажат дека му простуваат, но тој цело време ќе се прашува дали тоа е вистина. Но најверојатно Близнаците со тек на време ќе го простат тоа предавство бидејќи тие тешко се одвојуваат од саканата личност.

РАК

Раковите се емотивни личности кои брзо се врзуваат. Поради својата добрина ќе ја простат индискрецијата на својот сакан ако тој искрено се покае и покаже дека му е жал за тоа што се случило. Но она од што партнерот нема да се “спаси“ се долги разговори со многу објаснување зошто го сторил тоа.

ВАГА

Вагите го сакаат својот мир и ќе направат се за ситуацијата околу нив да е таква. Од таа причина лесно ја простуваат изневерата на партнерот.
Но, за Вагата да помине преку тоа потребно и е да сфати зошто партнерот го направил тоа. Дури потоа ќе продолжи да живее по својот тек.

ВОДОЛИЈА

Водолијата и Вагата спаѓаат во воздушни знаци кои сакаат мир. Па затоа Водолијата е полна со разбирање и знае дека луѓето грешат, а простувањето и е нормална постапка која смета дека секој треба да ја направи.
Водолијата ќе “го преџвака“ изневерувањето дури тогаш кога ќе добие објаснување кое ќе ја задоволи.

РИБИ

Рибите се емотивци на кои љубовта им е се. Ако не простат чувствуваат константен притисок, па тоа е една од причините поради која ќе му го простат овој чин на партнерот. Иако нема да им биде лесно сепак за нив простувањето е единствено добро решение.

Прегледи:
371
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
03.02.2016