Прочитајте кои хороскопски знаци не се најповолни за брачен партнер…
РАК
Мажот Рак не е човек кој ќе ви го олесни животот, и покрај верувањето дека тој како зодијачки знак е многу пријатен.
Мажот рак може да се стави во две групи. Првата се мажи кои го сакаат својот дом но се цепидлаки и критичари, додека втората група се пасивни и не се многу заинтересирани за она што се случува околу нив.
Но, сепак Ракот е човек кој поминува многу време во својот дом и кој гаи традиционални чувства.
Иако ги сака својата жена и децата, тој во суштина не е до крај задоволен па секогаш има на нешто да се пожали.
Мажот Рак е многу сензуален и постојано бара еротска стимулација. Во основа се верни мажи, секако ако нивната жена ги задоволи во тоа поле.
ШКОРПИЈА
Со мажот Шкорпија е тешко да се оствари брачната хармонија. Единствен начин на кој тоа можете да го постигнете е да бидете во негова сенка и слепо да го следите во неговите идеи.
Тој не поднесува доминантни жени во никој поглед.
Но, секако дека и со овој знак можете да бидете среќна. Пред се тој е многу често успешен во својата работа и е способен да ги издржува и жената и децата кои најчесто ги обожава.
Шкорпијата е посесивен и љубоморен маж. Без разлика на тоа колку љубов и внимание му е подарено, тој секогаш има причина да се сомнева да не сте престанале да го сакате.
Во основа, неговите чувства за жената и децата се навистина племенити, но тој едноставно не знае да ги изразува на вистински начин.
Сексуалната ненаситност е исто така дел од неговата природа.
СТРЕЛЕЦ
Стрелецот не е баш “роден“ за брачен односно семеен живот. По природа е хуман, но е толкав мегаломан што често сопствениот живот му изгледа мал и неинтересен.
Доколку неговите вкусови се променат, не гледа причина зошто не би продолжил со барање на нови симпатии.
Неговата жена треба да биде целосно ослободена од љубомора, дури и ако тоа не е во нејзината природа. Таа треба да биде вистинска уметница, за да може во целост да ги следи неговите интереси.
Поради неговиот недостиг на чувства и нетрпението за било што што е ограничено или има строго утврдени правила, неговата сопруга ќе мора да ги прошири своите хоризонти за да биде во тек со него.
Стрелецот е весел и интересен маж кој љубовта ја доживува како среќна околност. Сите негови чувства и желби се насочени на брза и моментална акција.