Категории

Кој хороскопски знак е најголема “жртва“ на предрасудите

Иако повеќето од нас често имаат предрасуди, но никој од хороскопските знаци не е како Девицата.

Иако Девицата се смета за зодијачки знак кој најмногу им подлегнува на предрасудите, сепак тоа не ја прави лоша личност.

Девицата константно обрнува внимание на деталите. Таа има длабока смисла за хуманост што ја прави најгрижлив знак во хороскопот. Нејзината методичност не дозволува ништо да биде препуштено на случајноста.

Девицата е често нежна но и внимателна, секогаш прави чекор наназад за да ги анализира работите па дури тогаш продолжува.

Бидејќи Меркур е владеечка планета на Девицата, таа има добро развиено чувство за говор и пишување, како и за сите останати форми на комуникација.

Бидејќи е методична во состојба е да ја допре сржта на хаотичната ситуација и да отфрли се што е непотребно во нечиј говор.

Девицата често пати е погрешно протумачена, поради симболиката на името на овој знак.

Дамата во овој знак многу се грижи и премногу е критична за луѓето околу себе и тоа често и создава проблеми. Овој знак можеби неправедно е познат по ситничарењето, па затоа е важно да научи да биде потолерантна и да побара помош кога и е неопходно.

Што се однесува до љубовта, Девицата преферира да има неколку стабилни врски во животот отколку многу партнери.

Девицата е многу корисен пријател. Сака да дава совети и знае да решава проблеми.

Иако практичноста е нејзина клучна особина, сепак позната е по изразот “прво да анализираме“.

Девицата најпријатно се чувствува дома и во природа каде што би била опкружена со животни.

Прегледи:
566
Објавено на:
06.02.2016